Димитриевски најдобар голман во второто коло од Лигата на Нации (ФОТО)

Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски беше одличен на нашиот гол во натпреварот против Ерменија во кој славевме победа од 2-0.

Димитриевски беше еден од најзаслужните за триумфот, а доказ за тоа е и индексот од „Софаскор“. Имено, македонскиот голман доби највисока оценка за својот настап помеѓу колегите и се најде на голот во идеалниот тим.

За Македонија е и тоа како важно што Димитриевски и покрај тоа што сезонава е резервен голман во Валенсија и понатаму брани на високо ниво.

Димитриевски доби оценка од 8.4, а во тимот му прават друштво имиња како: Лука Модриќ, Бруно Фернандеш, Арнолд, Кејн...