Струмица не запира: Се засили со уште еден репрезентативец!

Oд редовите на Струмица продолжија да се засилуваат со квалитетни имиња од македонската одбојка, па така сега го доведоа и Стојан Илиев.

Во македонскиот клуб Илиев пристигнува од Кипар каде што го носеше дресот на Енозис Анагенизиз, а во кариерата настапуваше уште во клубови во Романија, Хрватска и Грција. Во Македонија беше дел од Вардар.

Тренерот Кире Ричлиев на него ќе може да смета за дуелот со Олимпјакос, а тука се уште Владо Милев, Филип Манџуков, Филип Липидовски и Дарко Ангеловски.

Струмица во првиот натпревар ќе го пречека грчкиот тим на 17 септември, додека седум дена подоцна ќе гостува во Пиреја.