Родриго со еден потег си ја запечати судбината во Реал Мадрид (ВИДЕО)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше против Овиедо со 3-0 во второто коло од Ла Лига, а во центар на внимание се наоѓа Родриго поради неговиот потег на клупата.

Тренерот Чаби Алонсо го повлече Родриго од игра, иако Бразилецот беше мотивиран за игра, па поради тоа го истури гневот.

Медиумите пишуваат дека Родриго со овој потег си ја запечатил судбината во гигантот, кој е подготвен да го продаде за 80 милиони евра.