
Раскинати договорите за изградба на трибините во Кичево и Охрид поради сериозни неправилности!
Управниот одбор на ФФМ донесе таква одлука откако биле утврдени сериозни неправилности и непочитување на договорните обврски од изведувачите.
„У.О. на ФФМ донесе одлука за раскинување на договорите за изградба и реконструкција на трибините на стадионите во Кичево и Охрид. Одлуката е донесена поради сериозни неправилности и непочитување на договорните обврски од страна на изведувачите. Исто така, Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за отпочнување постапка за избор на нов изведувач за изградба на трибината на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид и реконструкција на трибина на стадионот во Кичево“, соопшти ФФМ.
Останатите одлуки на УО на ФФМ може да се прочитаат ТУКА.
Фото: ФФМ