
ФФМ реши: Воска, Гостивар и Беса нема да добијат пари од УЕФА!
ФФМ реши дека средствата во висина од 101.000 евра ќе бидат распределени на девет клубови од Првата македонска фудбалска лига, односно пари нема да добијат Воска, Гостивар и Беса кои го откажаа учеството во лигата.
„У.О. на ФФМ донесе одлука за распределба на дополнителни средства од солидарната шема на УЕФА за клубовите од Прва МФЛ за натпреварувачката сезона 2024/25. Средствата во висина од 101.000 евра ќе бидат распределени подеднакво на девет клубови од Прва МФЛ.
ФК Воска Спорт, ФК Гостивар и ФК Беса, клубови кои го откажаа учеството во лигата, нема да бидат вклучени во распределбата на средствата од солидарната шема на УЕФА“, соопшти ФФМ.