Ренџерс воодушевени од Џерард: Легендата потпиша нов договор

Глазгов Ренџерс го продолжи договорот со својот менаџер Стивен Џерард на дополнителни две години, кој сега истекува во јуни 2024 година. 

Легендарниот фудбалер на Ливерпул седна на клупата на шкотскиот гигант во летото 2018 година. Тој го водеше тимот до два пласмани во групната фаза во Лигата на Европа и во својата прва сезона освои најмногу поени откако клубот се врати во Премиерлигата.

Интересно ова е прва вистинска тренерска работа на Џерард, кој претходно само една сезона работеше во академијата на Ливерпул. 

„Кога претседателот ми пријде за продолжување на договорот, воопшто не се мислев, одлуката беше лесна, бидејќи сум среќен и имам чувство дека градиме нешто специјално заедно во клубот. Би сакал да им се заблагодарам на сите во клубот за подршката изминатиот период и секако на навивачите, кои на тимот и на мене ни дадоа неверојатна подршка“, изјави Џерард.