Реал потопен на „Камп Ноу“: Суарез ја предводеше Барса до епска победа (ВИДЕО)

Шпанскиот шампион Барселона го растури својот најголем ривал Реал Мадрид во денешното „ел класико“, победувајќи со 5-1 за да ги турне во екстаза Каталонците по епската победа, од која повеќе од извесно е дека Хулен Лопетеги ќе си замине од кормилото на „кралскиот клуб“.

Барселона уште во првиот дел покажа дека победата нема да им избега откако Фелипе Кутињо и Луис Суарез од пенал за поча час донесоа водство од 2-0, но Реал Мадрид заигра далеку подобро Марсело ги врати „кралевите“ во мечот, Модриќ погоди дирек, а Карим Бензема имаше зицер за израмнување, но кога нема да се реализираат шансите следува казна.

Суарез даде уште два гола, а Артуро Видал еден за епска победа на Каталонците и многу грижи во Мадрид. Сега е на ред Флорентоно Перез за да ја реши ситуацијата со Лопетеги.