Реал Мадрид забрани едно име на дресовите поради - шпански диктатор!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид забрани да се печати името Франко на дресовите за новата сезона, откако дел од навивачите покажале интерес да го имаат тоа име на дресот по доаѓањето на Аргентинецот Франко Мастантуоно.

Многумина сакале да го испечатат името „Франко“, но „кралевите“ ја отфрлија таа опција, а причина за тоа е шпанскиот диктатор Франциско Франко.

Диктаторот Франко владееше од 1939 до 1975 година, а власта ја преземал со победата во шпанската граѓанска војна.