Реал Мадрид и Челси имаат договор – Канте идното лето доаѓа на „Сантјаго Бернабеу“

Откако летово за 100 милиони евра шпански Реал Мадрид од лондонски Челси го купија Еден Азар, според последните информации од Англија, „кралевите“ имаат договор со англискиот гигант за трансфер на уште една ѕвезда, ама од идното лето – Нголо Канте.

Францускиот репрезентативец е желба на Зинедин Зидан, но Реал Мадрид се решил да не притиска за трансфер летово и да го остави Канте на „Стемфорд бриџ“, поради забраната за трансфери од два преодни рокови кои ги имаат „сините“, па за една година ќе се активира договорот и фудбалерот за врска би требало да дојде на „Сантјаго Бернабеу“.

Според преддоговорот, Челси треба да го информира Реал за секоја понуда што евентуално во следниот период би дошол на адреса за Канте, а на лето да го стават на трансфер-листата и за прифатлива цена „кралевите“ да може да го ангажираат.

Канте во Реал треба да дојде како засилување за средниот ред и замена за Бразилецот Касемиро, кој не игра во формата како пред година и половина.