Реал Мадрид е во преговори со фудбалер на Лион

Зинедин Зидан ќе прави целосна реконструкција во Реал Мадрид, а тоа е јасно по шпекулациите во медиумите ширум Европа, бидејќи клубот бара нови фудбалери на многу позиции. 

Последниот фудбалер кој се поврзува со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ е Ферлан Менди од Лион. Левиот бек треба да биде замена за Марсело на левата бековска позиција.

Иако Бразилецот имаше очајна сезона, Зидан верува дека тој и натаму може да игра на највисоко ниво во следните две сезони, а Менди полека да се вклопува во тимот и во иднина да биде прв избор на оваа позиција.

Реал и Лион се во преговори, а сумата за трансферот изнесува околу 50 милиони евра, пишува „АС“.

Зидан на оваа позиција го има младиот Серхио Регулион, но францускиот тренер верува дека Шпанецот барем засега нема доволно искуство да игра за неговиот тим и веројатно ќе биде позајмен во помал клуб во Ла Лига.