Распад-систем во Ливерпул, се скараа Салах и Клоп (ВИДЕО)

Ливерпул освои само бод на гостувањето на Вест хем и ќе му биде потребно чудо до крајот на сезоната за да ја освои титулата, но на мечот во Лондон беше забележана една сцена покрај аут-линијата која покажува дека во поранешниот англиски и европски шампион владее хаос.

Јирген Клоп сакаше да го пушти Мохамед Салах во игра во 82. минута, но пред замената Ливерпул прими гол, по што двајцата се скараа.

Клоп имаше нешто да му каже на Салах, кој потоа тргна кон својот тренер, па мораа да интервенира Дарвин Нуњез.