Прво Нејмар, сега и Мбапе се повреди

ПСЖ го совлада Олимпик Марсеј по втор пат за само три дена и тоа со идентичен резултат 3-0. Во неделата „светците“ славеа во првенството, а синоќа во Купот.

На двата натпревари на ПСЖ му се повреди по еден играч и тоа оние најскапите. Во неделата Нејмар мораше да го напушти предвреме натпреварот поради повреда на скочниот зглоб, додека синоќа исто така се повреди и Килијан Мбапе.

Младиот крилен напаѓач го напушти натпреварот по едно полувреме и во таборот на францускиот тим постои загриженост дека може и тој нема да може да настапи на реваншот во Лигата на шампиони против Реал Мадрид. Кога веќе „светците“ ќе го немаат Нејмар во тимот, сигурно дека би било многу тешко да се надомести поразот од 3-1 од „кралевите“ од првиот дуел и без Мбапе во тимот.