![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/14/248489-prvenec-na-elmas-vo-dresot-na-torino-nedovolen-za-pobeda-video.jpg?itok=OKyepj8D)
Првенец на Елмас во дресот на Торино - недоволен за победа (ВИДЕО)
„Биковите“ гостуваа кај Болоња и до 70. минута водеа со 2-1, но на крајот доживеаја несреќен пораз со примен гол пред крајот. Елмас влезе во игра во 62. минута, а само три минути подоцна успеа да ја затресе противничката мрежа и да потсети на деновите поминати во Серија А, но во дресот на Наполи.
Сепак, овој пораз го остави Торино во долниот дел на табелата од италијанското првенство со 28 бода, осум повеќе од Парма која е прва во зоната за испаѓање.