Нема крај на проблемите: Челси остана без уште еден важен фудбалер

Челси доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Брајтон (0-3) во Премиерлигата, во еден од најлошите натпревари кои ги одигра во последните години, а дополнителен проблем за тренерот Енцо Мареска е повредата на Нони Мадуеке.

Гигантот од Лондон веќе има проблеми со повреди затоа што остана без напаѓачите Марк Гиу и Николас Џексон, кои ќе паузираа речиси два месеци, а сега го чека пауза и крилниот фудбалер на „сините“.

Мареска по мечот против Брајтон кажа дека повредата на Мадуеке е сериозна и го чека долга пауза, но не откри повеќе детали.

Дефинитивно ова е проблем за Челси, кој во моментов е на четвртата позиција и пред него е тешка битка за пласман во топ-4 на крајот на сезоната.