Прв тренинг по трагедијата: „Виолетовите“ му оддадоа почит на капитенот Астори (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина вчера го одржаа првиот тренинг по трагедијата и смртта на нивниот капитен Давиде Астори. На „Артемио Франки“ преовладуваше мачна и тажна атмосфера.

Пред да почнат со обврските на теренот сите фудбалери, заедно со стручниот штаб излегоа пред стадионот каде што се наоѓа огромниот транспарент „Чао капитену“. Тука граѓаните на Фиренца и навивачите на Фиорентина оставаат цвеќе, пораки, шалови и дресови во чест на Астори.  

 

Nel silenzio l'omaggio della squadra viola a Davide #Astori #DA13

A post shared by 📷 ACF Fiorentina 📷 (@acffiorentina) on

 

Во следното коло во Серија А, Фиорентина на домашен терен го пречекува тимот на Беневенто. Двете екипи ќе носат специјални дресови во чест на Давиде Астори, кој почина во неделата во сон од срцев удар.