Промоцијата на Елмас одложена – македонскиот бисер заминал итно во Рим!

Иако беше закажана промоцијата на македонскиот бисер Елиф Елмас за денеска во Димаро, тренинг-центарот на Наполи, таа ќе се одржи утре, зашто младиот фудбалер заминал во Рим за да извади виза за САД, каде ќе треба да игра во предсезоната на Инетрнационалниот куп на шампиони.

Елмас денеска требаше да има промоција од 16.30 часот, но истата е поместена за утре во исто време. Елмас заминал во Рим поради бирократските проблеми за да извади виза за САД и да може да замине преку Атлантикот на главната фаза од подготовките за новата сезона.

Елмас вчера го потпиша договорот со Наполи и веднаш дебитираше во ремито со Кремонезе (3-3), но сега итно оди во „вечниот град“ и ги пропушта тренинзите за да ја заврши и таа процедура, за потоа да се сконцентрира на вклопувањето во новиот тим.

Македонскиот бисер во Наполи дојде за 16 милиони евра плус бонуси од Фенербахче.