
Проблем за Наполи: Лукаку се повреди на една недела пред стартот на Серија А
По половина час игра, повреда доживеа еден од најважните фудбалери во составот, Ромелу Лукаку кој мораше да го напушти теренот и на негово место во игра влезе Лука. По еден дуел за противнички фудбалер во кој ја освои топката, Белгиецот прво шутираше, а потоа падна и остана да лежи на теренот, држејќи се за рака.
Откако му беше укажана лекарска помош, Лукаку го напушти теренот и замина директно во соблекувална. Првите прогнози се дека станува збор за повреда на квадрицепсот на левата нога и ако тоа се потврди, ќе биде проблем за Наполи. Санирањето на ваков вид повреда трае околу 2-3 недели што значи дека Лукаку ќе ги пропушти првите три кола и ќе ја почне сезоната дури по репрезентативната пауза.
Својот прв натпревар од новата натпреварувачка кампања Наполи го игра на 23 август, против Сасуоло на гостински терен.