Ѓорческа без многу борба до ново четвртфинале

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во четвртфиналната фаза од Челинџерот во Куршумлиска бања откако попладнево ја совлада Русинката, Астахова.

Мечот беше прекинат по само два гема во вториот сет затоа што Астахова предаде во момент кога Ѓорческа имаше предност од 1-0 во сетови (7-6) и 2-0 во вториот. Натпреварот дотогаш траеше 93 минути од кои 73 во првиот сет и дури 20 за два гема во продолжението.

Ѓорческа по вторпат за само една недела ја совлада Русинката со тоа што пред шест дена славеше со 2-1 во полуфиналето. Следен противник на нашата тенисерка ќе биде Ѕантедески од Италија која е подобро пласирана и се наоѓа на 313. позиција на ВТА листата,