Давор Здравковски се врати во клубот од каде што замина во Шкотска!

Македонскиот фудбалер, Давор Ивановски по две сезони минати во Мадервел се враќа на добро позната локација, повторно ќе го носи дресот на кипарскиот клуб, АЕЛ Лимасол.

АЕЛ Лимасол денеска и официјално го потврди враќањето на Давор Здравковски во клубот.

Македонецот дури шест сезони играше за АЕЛ од 2017 до 2023 година пред да замине за Мадервел. Па тој е многу познато лице на навивачите на овој клуб.

Здравковски за АЕЛ Лимасол има одиграно преку 160 официјални натпревари, тој со овој клуб во 2019 година го освои Купот на Кипар.