Бенфика прекина традиција, долга 42 години

Најтрофејниот португалски клуб Бенфика во новата сезона ќе прекине една традиција која повеќе од четири децении.

Првпат по сезоната 1983/84, клубот од Лисабон во своите редови нема да има ниеден Бразилец што е куриозитет не само за Бенфика, туку за сите клубови од Португалија. Последниот таков случај за „орлите“ беше во период кога имаше ограничен број странски фудбалери, тројца, а местата ги пополнија Глен Стремберг од Шведска, Михаел Маниш од Данска и Зоран Филиповиќ од Југославија.

До крајот на преодниот рок во Европа има уште нешто повеќе од две недели и можеби традицијата на Бразилци во Бенфика ќе продолжи, но во моментов нема фудбалер од оваа земја откако Артур Кабрал на крајот од минатата кампања замина во Ботафого.