Инвазија на „Торцида“ во Тирана, Црногорците мислеле дека се пожарникари!

Потпретседателот на општина Подгорица, Драгутин Вучиниќ направи голем гаф, ги помеша навивачите на Хајдук со пожарникари.

Сплит не е далеку од Тирана, има околу 500 километри пат кој оди преку Црна Гора. 

Хајдук со пресврт го победи тимот на Динамо Тирана во Сплит со 2-1, а навивачите на далматинскиот тим во огромен број тргнаа на денешното гостување.

Хајдук се пофали дека на стадионот „Ел Албанија“ ќе имаат поддршка од 1.500 навивачи, тоа е колона од 18 автобуси плис автомобили.

Таа огромна колона минала низ Црна Гора каде предизвика големо внимание, а се случи и еден сериозен гаф. Имено, потпретседателот на општината Подгорица, Драгутин Вучиниќ на фејсбук објавил дека добил информација дека огромна колона на автобуси и шлепери водени од полиција одат во правец од Никшиќ и Даниловград кон Подгорица.

„Преку 20 автобуси со пожарникари. По слободна проценка 500 од Босна и Херцеговина и Хрватска со десетина шлепери“, напишал Вучиниќ, а објавуваат црногорските медиуми.

Црна Гора се боли со големи пожари, а помош навистина стигнала од Хрватска, Србија и БиХ. Но, Вучиниќ избрзал и колоната навивачи ја помешал со пожарникари. Објавата на фејсбук, брзо ја избришал.