
Во Ла Лига има клуб бетер од Шкупи - имаат регистрирано само тројца фудбалери!
Според шпанските медиуми, Леванте има регистрирано само тројца фудбалери а нивниот прв натпревар во Ла Лига е во сабота кога му гостува на Алавез во првото коло.
Регистрирани се еден дефанзивец, еден фудбалер од средниот ред и еден напаѓач.
Социјалните мрежи на клубот не наговестуваат некакви проблеми, се очекува во овие 48 часа клубот да ја заврши процедурата и да регистрира доволен број на фудбалери, но во овој момент ситуацијата е чудна.