
Тиквеш со одлично второ полувреме го победи Раднички
Првото полувреме беше израмнето, на одморот Тиквеш замина само со еден гол предност, резултатот беше 13-12.
Но, во второто полувреме беше поинаку, Тиквеш брзо се одлепи, а до крајот само рутински ја држеше предноста за сигурен триумф од 23-19.
Коцев со шест голови беше најефикасен кај Тиквеш, четирипати погоди Мохамед Ахмед. Одлична партија имаше голманот Печурица кој фати 12 топки. Во составот на Раднички Касаловиќ даде шест гола.