
Новиот играч на Реал ги шокира навивачите: Меси е најдобар во историјата!
Новинарите кои беа присутни во прес салата на Реал го прашаа младиот фудбалер за негово мислење во вечната дебата за тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња. Мастантуоно не сакаше да им се умилкува на новинарите и навивачите и искрено одговори.
„Јас сум Аргентинец и за мене најдобар во историјата е Меси. Тој многу им значи на Барселона и на Аргентинците. Од друга страна, сметам дека Реал е најголем клуб во светот и сакам овде да оставам трага. Сакам навивачите да бидат горди на мене“, изјави Мастантуоно.
Тој денеска наполни 18 години, а во Реал доаѓа од Ривер Плата. Интересно е тоа што ќе биде регистриран како член на вториот тим и покрај фактот што Реал за него плати 45 милиони евра, плус бонуси.