Лајпциг и Јунајтед не се исто: Бројките на Шешко се доказ (ФОТО)

Словенечкиот голгетер Бенјамин Шешко уште во текот на припремите можеше да забележи која е разликата да се биде фудбалер на Манчестер јунајтед и на Лајпциг.

Имено, во само седум дена Шешко доби неверојатен број следбеници на социјалните мрежи и од 370.000 фанови колку што имаше претходно, сега таа бројка е зголеми над еден милион.

Можеби англискиот гигант поминува подолг период во кој игра далеку под очекувањата, но ваквите бројки се доказ за колку голем клуб станува збор.

Манчестер јунајтед за услугите на Шешко плати сума од 76.5 милиони ева, а напаѓачот се обврза на верност до 2030 година.