
Кошаркарската елита и во следната сезона ќе има генерален спонзор!
Според последните промени, најдобрите 12 екипи ќе играа во суперлигашка конкуренција, додека вториот по квалитет ранг во иднина ќе го носи името Прва лига.
„Сакаме да изразиме благодарност до компанијата МТЕЛ за довербата и континуираната поддршка што ни ја даваат – не само оваа година, туку и во минатото. Во време кога поддршката за спортот знае да биде непостојана, особено значи кога имаме партнери кои веруваат во нашата мисија и остануваат со нас низ годините. Вашата доследност и посветеност се пример за општествена одговорност и вистинска љубов кон спортот. Заедно продолжуваме да ја градиме иднината на македонската кошарка. Ви благодариме што сте дел од нашето семејство“, изјави претседателот на КФМ, Томе Главчев.