Се „црта“ ново големо финале меѓу Синер и Алкараз

Двајцата најдобри светски тенисер Јаник Синер и Карлос Алкараз без проблем ги поминаа и третите пречки на Мастерсот што се одржува во Синсинати.

Нешто подолго на теренот се задржа Синер (мечот беше долго во прекин поради дожд) кому му требаа безмалку два часа да го скрши отпорот на ветеранот Андреа Манарино, но сепак победи со 2-0 (6-4, 7-6). Во првиот сет направи брејк во третиот сет и без проблеми го задржа до крајот, но во вториот освои сервис на противникот дури во 11. гем за да веднаш во следниот да го загуби. Затоа победникот беше решаван во тајбрејк каде само еден поен беше освоен на сервис на противникот и тоа при водство на Синер со 4-3.

Алкараз за само 82 минути го победи Лука Нарди со 2-0 (6-1, 6-4) со тоа што неизвесност имаше во вториот сет. Во првиот, Шпанецот помина како фурија, додека Нарди ја пропушти својата шанса во вториот во кој водеше со 4-2. Алкараз потоа заигра подобро и освои четири гема по ред при што најинтересен беше деветтиот затоа што во него ја искористи петтата брејк топка за да поведе со 5-4.

Вечерва во првото четвртфинале, Синер ќе се сретне со Оже Алиасим од Канада, а Алкараз игра утре против Рубљев. Светот очекува ново големо финале меѓу нив, но во моментов Шпанецот е позадоволен затоа што веќе освои 200 бода, додека на Синер му треба титула за да ги одбрани оние 1.000 од лани.