
Донарума има договор со Сити, но за трансфер треба да се исполни еден услов
Чуварот на мрежата, кој се уште е член на ПСЖ, но доби јасна порака да си бара нов клуб, имал контакт со Пеп Гвардиола уште пред да биде познато дека Луис Енрике не смета на него во новата сезона. Заинтересиран за него бил и Манчестер Јунајтед, но наводно Сити понудил подобри услови и Италијанецот прифатил да се пресели на Ел Итихад.
Сепак, Сити уште не испратил официјална понуда до ПСЖ за Донарума, а за да се случи тоа, прво треба да се исполни еден услов - премиерлигашот да го продаде својот прв голман Едерсон. Со оглед на тоа што новата сезона во англиското првенство почнува викендов, многу веројатно Бразилецот ќе биде на голот во првото коло, а евентуално идната недела ќе се работи на трансферот на Донарума.