Јунајтед за противник во Лига купот доби тим со кого последен пат играл пред 77 години (ФОТО)

Првпат по 11 години, Манчестер Јунајтед нема да игра во европските купови, а со тоа се исполнети условите да настапи 1/32-финалето од англискиот Лига куп.

Ждрепката сакаше патот во ова натпреварување да го почне против четвртолигашот Гримсби, еден од најстарите англиски клубови со 147-годишна традиција. Станува збор за тим кој не настапувал во англиската елитна дивизија од сезоната 1947/48 и токму од тогаш датира последниот дуел меѓу Јунајтед и Гримсби.

Од 1894, кога е одигран нивниот прв меѓусебен меч, до 1948 година, Јунајтед и Гримсби се сретнале 35 пати со тоа што тимот од Манчестер има една победа повеќе (16/15), а шест натпревари завршиле нерешено. Интересно е тоа што Јунајтед ќе има шанса да го поправи ефектот во дуелите со Гримсби кој вели дека на последните 17 пресметки, тимот од Олд Трафорд остварил само две победи.