
Челси ќе донира по 500.000 долари за семејствата на Жота и на неговиот брат!
Средствата ќе бидат дел од бонусот што клубот го доби по триумфот на Светското клупско првенство. Лондонскиот тим ја освои титулата со убедлива победа во финалето против европскиот шампион ПСЖ (3-0), а претходно сезонава го подигна и својот прв трофеј во Лигата на конференции.Лондонци инкасирале 11,4 милиони фунти како бонус за фудбалерите кои настапиле на турнирот. По внатрешни консултации, клубот решил еднаква исплата како за сите други во тимот да оди и за семејствата на Жота и Силва.
Роден во Порто, Жота ја почнал кариерата во младинскиот тим на Пасош де Фереира, а потоа во 2016 година преминал во Атлетико Мадрид. Следувале позајмица во Порто и трансфер во Вулверхемптон во Премиерлигата. Најголемите успеси ги оствари со Ливерпул, освојувајќи го ФА Купот и Лига Купот под водство на Јирген Клоп, а лани дојде и до титулата во Премиерлигата со тренерот Арне Слот.
Во негова чест, Ливерпул го „засекогаш“ повлече дресот со број 20.