
Луда завршница на „Фриули“: ПСЖ преку пенали до трофеј во Суперкупот! (ВИДЕО)
ПСЖ изгледаше немоќно во најголем дел од натпреварот, посебно во првото полувреме кога не испрати ниту еден удар во рамките од голот на лондонскиот клуб.
Тотнем не напаѓаше премногу, но имаше иницијатива и таквата игра ја искористи во 39-тата минута кога гол за водство постигна Ван Де Вен. Избраниците на Томас Франк имаа и уште една голема прилика во последните секунди од првиот дел, но ја погодија стативата.
На стартот од вториот дел Тотнем дојде и до втор гол по лошата реакција на Чевалие по ударот со глава на Ромеро.
Во продолжени избраниците на Томас Франк, не напаѓаа премногу и го чувааа резултатот се до завршницата кога европскиот шампион се разбуди. Прво Ли Канг во 85. минута намали на 1-2, а потоа во 94. минута Гонзало Рамош стрелаше за израмнување.
ПСЖ не тргна добро и во пенал серијата, Витиња го имаше првото промашување, но потоа за Тотнем не реализираа стрелецот, Ван Де Вен и Тел.