
Илиевски: Напредуваме од натпревар во натпревар
Нашиот тим на околу три минути пред крајот беше на само еден поен негатива и малку недостасуваше да направи изненадување.
„За разлика од претходниот натпревар против Унгарија, денеска нашиот млад тим покажа карактер и морам да бидам задоволен од играчите. Романија има далеку поискусни кошаркари и заслужено победи, но ние напредуваме од натпревар во натпревар“, изјави селекторот по мечот.