ПСЖ можеби ќе го бара Донарума, неговиот наследник не се прослави (ВИДЕО)

Во моменти кога Џанлуиџи Донарума е отпишан од редовите на Пари Сен Жермен, неговиот наследник на голот Лукас Чевалие во натпреварот од европскиот Суперкуп прими гол во ситуација кога веројтно можеше подобро да реагира.

Ромеро на најдобар начин со глава го искористи нафрлувањето од Сар, Чевалие не се снајде по неговиот удар и топката заврши зад грбот на чуварот на мрежата на европскиот шампион за водство на Тотнем од 2-0 во 48. минута.