Одбојкарите загубија во Атина, местото на ЕП ќе треба да го обезбедиме - дома!

Македонската одбојкарска репрезентација денеска претрпе пораз во натпреварот против Грција во Атина со 3-0 во сетови.

По стартните два поени на домаќините избраниците на Миленкосски заиграа подобро и поведоа со 3-6, но тоа беше и нашиот единствен блесок во освој сет. Грција во продолжение беше подобра и го сврте сетот со што освои со убедливи седум поени разлика (25-18.)

И во вториот сет слична беше сликата, се држевме само во почетокот на сетот, Грција одново ја наметна својата игра направи пресврт и го освои сетот уште поубедливо со 25-15.

Третиот сет донесе најнеизвесна игра и борба до самиот крај. Имавме ние сет топка, но Ѓорѓиев токму кога беше најпотребно сервираше во мрежата, Грците ја искористија шансата и со 26-24  го добија сетот за конечна победа.

Со овој пораз продолжи негативната традиција против Грција со која ги загубивме сите досегашни четири натпревари.

Пласманот на Европското првенство сега ќе треба да го обезбедиме во натпреварот против Грузија кој ќе го играме на домашен терен.