Влаховиќ се посрамоти, па доби „награда“ - свирежи од цел стадион! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус денеска одиграа натпревар против својот тим до 23 години во кој славеше победа од 2-0, а гол во овој натпревар постигна и Душан Влаховиќ.

Влаховиќ од почетокот на преодниот рок се поврзува со заминување од Торино, навивачите не се заддоволни од неговите настапи на теренот, па и денеска покрај тоа што постигна гол имаа за што да му забележат.

Во една ситуација српскиот голгетер изгледаше како да реагира премногу ноншалантно, па од идеална позиција шутираше над голот. Иако не станува збор за официјален натпревар, сите на трибините го „наградија“ со свирежи.