Eвропскиот шампион во проблем, Тотнем на половина пат од нов трофеј (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотнем по првото полувреме имаат преднсот против европскиот шампион Пари Сен Жермен, кој речиси и да не се закани посериозно во првите посериозни 45 минути.

Како играше ПСЖ во првите 45 минути најдобро покажува податокот дека избраниците на Луис Енрике не упатија ниту еден удар во рамките од голот.

Тотнем повеќе напаѓаше, а покрај голот на Ван де Вен во 39. минута во самата завршница ја погодија и стативата.