„Езерското дерби“ за Охрид на стартот од струшкиот турнир

Eкипата на Охрид ја оправда фаворитската улога и со победа против домаќинот Струга од 23-31 го стартуваше струшкиот ракометен турнир.

Струга колку-толку се држеше во првото полувреме, но Охрид сепак на крајот замина на одмор со предност од три гола разлика (11-14).

Во второто полувреме фаворитот го подигна нивото на игра, па Струга немаше никакви шанси да приреди изненадување.

Кукуловски беше најефикасен во редовите на Охрид со осум гола, додека кај Струга по пет постигнаа Мечкароски и Костоски.

Вториот натпревар од денешната програма кој е и последен со почеток од 20:40 часот ќе го одиграат Бутел и Раднички.