„Пукна бомба“ од НБА лигата вредна четири милијарди долари!

Сопственикот на хокеарскиот клуб Каролина Харикејнс, Том Дандон постигна договор за купување на тимот на Портланд и тоа за нешто повеќе од четири милијарди долари.

Веста за продажбата на Портланд кој е во сопственост на ко-основачот на „Мајкрософот“, Пол Ален, вечерва прв ја објави „Спортико“, а потоа ја потврдија и останатите реномирани медиуми од САД.

Според информациите работата е комплетно завршена и се очекува само уште потврда од НБА лигата за конечниот договор, но тука не би требало да има проблем.

Портланд на продажба беше ставен уште во мај, кога објави сестрата на Пол, Џоди Ален која водеше грижа за клбуот по неговата смрт од рак во 2018 година.

Фото: EPA