Ди Марија е класа за себе – на Бока ѝ даде гол директно од корнер (ВИДЕО)

Иако на залезот на својата кариера, легендарниот аргентински фудбалер Анхел ди Марија продолжува да воодушевува на терените.

Од мај годинава, тој е член на матичниот Росарио Сентрал и од она што го покажува, времето како да застанало за него. Синоќа Росарио гостуваше кај Бока Јуниорс и одигра нерешено (1-1), а мечот го одбележа поранешниот репрезентативец на Аргентина.

Во 24. минута, тој го израмни резултатот и тоа со гол постигнат директно од корнер. Не му е првпат во кариерата вака да тресе противничка мрежа, но на 37-годишна возраст ретко кој може да се пофали со такво нешто.