Црни „ѓаволи“: Јунајтед е најлош тим во Премиер лигата од доаѓањето на Аморим (ФОТО)

Португалскиот стручњак Рубен Аморим беше донесен во Манчестер Јунајтед за да го препороди тимот по Ерик Тен Хаг, но не само што не успеа во тоа, туку буквално го дозакопа.

Јунајтед не успеа да обезбеди пласман во европските купови, далеку е од врвот во англискиот фудбал, а што е најлошо, не се гледа излез од оваа криза. За лошиот ефект што го има Аморим, најдобро зборува табелата направена од неговото преземање на тимот, на 24 ноември 2024 година кога дојде од Спортинг.

 

Оттогаш е одиграно 31 коло во Премиер лигата, во две сезони, а тимот од Олд Трафорд се наоѓа на последното 17. место со само 31 бод. Предвид се земени резултатите на 17. екипи кои во моментов се натпреваруваат во англиската елита, без трите кои обезбедија пласман минатата сезона и трите што испаднаа.

Идентичен број бодови како Јунајтед освоил и Тотнем со тоа што лондонскиот тим има гол разлика -14, додека екипата од Олд Трафорд е на -13. Интересно е тоа што подобар од Јунајтед е и тимот на Вулверхемптон кој во моментов е на последното место на табелата без ниеден бод сезонава.