Егоров ќе се бори за бронзен медал на Светското првенство!

Македонскиот борач, Владимир Егоров кој беше и европски шампион, ќе се бори за бронзен медал на Светското првенство кое се одржува во Загреб, Хрватска.

По доминантната победа од 10-0 над канадскиот борач Саундерс, Егоров обезбеди борба за бронзен медал.

Во попладневната сесија Егоров ќе се сретне со шампионот на Узбекистан, Гуломјон Абулаев.