Неочекувана посета во Мадрид: Тренингот на Реал доцнел еден час

Eкипата на Реал Мадрид денешниот тренинг го започнала со еден час задоцнување откако во нивниот тренинг-камп Валддебебас неочекувано се појавиле претставници од Ла Лига за да спроведат допинг контрола над шестмина фудбалери.

Таквиот потег на Ла Лига предизвикал големо незадоволство во мадридскиот клуб, посебно затоа што се случил непосредно пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Според информациите на „Марка“ од клубот порачале дека контролата пред првиот натпревар од Лигата на шампионите е многу чудна.

„Станува збор за рутинскаа процедура која во Мадрид ја почитуваат, но изненадува начинот на кој е спроведена“, пишува „Марка“.

Од мадридскиот табор истакнуваат дека цел претходен ден тимот бил достапен за тестирање, но тогаш од Ла Лига не се појавил никој.

Фото: Real Madrid C.F.