Како Ибра во најдобрите денови: Детенце од Фенер во Илинден блесна со спектакуларна „Шкорпија“! (ВИДЕО)

Изминатите денови на терените во Марино, Кадино и Илинден се одржуваше и популарниот „Илинден Куп“ каде што учествуваа екипи од десет европски земји, а еден о најдобрите моменти го имаше младиот талент на Фенербахче, Појраз Ерен Арабачи.

Арабачи настапува во екипата на Фенербахче до 11 години со која се натпреваруваше на турнирот и во него блесна со еден спектакуларен гол во стилот на Златан Ибрахимовиќ.