Се зголемуваат проблемите за Белгија пред мечот со Македонија!

Македонските фудбалери во октомври го играат квалификацискиот дуел со Белгија кој може да биде од пресудна важност за пласман на Светското првенство.

Во пресрет на овој дуел Белгија се соочува со низа проблеми поради повредени фудбалери.

Од поодамна е јасно дека на овој дуел нема да може да сметаат на Ромелу Лукаку, но Руди Гарсија има и нови проблеми.

Изминатиот викенд се повреди играчот за врска на Астон Вила, Јури Тилеманс кој заработил повреда на мускулот поради која најмалку еден месец ќе биде надвор од стројот.

Тоа значи дека и тој ќе го пропушти мечот со Македонија кој е закажан за 10 октовмри.