Модриќ: Се надевам дека луѓето веќе нема да ги споменуваат моите години!

Лука Модриќ синоќа беше стрелец на единствениот гол за Милан во победата над Болоња, Хрватот беше прогласен за играч на натпреварот.

Лука Модриќ неодамна наполни 40 години, но во фантастично светло се прикажува во Серија А.

„Победивме, но најважно е да се фокусираме веќе на следните натпревари. Се надевам дека луѓето повеќе нема да ги споменуваат моите години. Што се однесува до голот, Салемакерс ми даде фантастична топка и лесно беше да се погоди, повеќе е негова асистенција отколку моја завршница. Како ќе одминуваат натпреварите сигурен сум дека ќе бидеме се посамоуверени, а кога ќе се вратат повредените играчи и подобро ќе се запознаеме, ќе бидеме уште подобри“, вели Модриќ.

Многумина со скептицизам гледаа кон одлуката Милан да се засили со Модриќ поради годините на Хрватот, но тој уште е импресивен.