Милан не добил пенал, главниот и ВАР судијата ќе бидат суспендирани!

Според последните информации од италијанските медиуми главниот и ВАР судијатаа од натпреварот помеѓу Милан и Болоња ќе бидат суспендирани поради направена грешка при поништениот пенал на „росонерите“.

Милан победи со 1-0, но во завршницата од средбата видовме бурни протести на тренерот Алегри поради поништен пенал поради реакција на ВА. Алегри за реакциите заработи и црвен картон, но како што стојат работите и имал право што реагирал.

Клучната грешка ја направил ВАР судијата,Микаел Фабри не требало да ја оспори одлуката на Матео Марченаро, а исто така се фокусирал и на погрешна снимка, односно контактот помеѓу Нкунку и Фројлер, а не оној помеѓу Нкунку и Лукуми каде што како што се наведува контактот можел појасно да се види.

Засега нема потврда колку натпревари ќе бидат суспендирани, меѓуто извесно е дека нема да бидат делегирани во следниот период.