Ѓоковиќ за крајот на кариерата: Ќе бидам многу тажен тој ден...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, сè почесто размислува како ќе изгледа неговиот живот по завршувањето на професионалната кариера и тоа не треба да е изненаудување.

Во разговор за подкастот на познатиот Џеј Шети, српскиот ас отворено проговори за предизвиците што го очекуваат по напуштањето на тениските терени.

„Отсекогаш сум се трудел да размислувам и за работи надвор од тенисот, особено во последните 12 до 15 години. Сум разговарал со други тенисери и спортисти за моментот кога доаѓа крајот на кариерата, посебно за таа транзиција. Но, знам дека човек не може да биде максимално подготвен, колку и да сака“, изјави Ѓоковиќ.

Призна дека тој ден за него ќе биде емотивно тежок.

„Да, ќе биде тажен ден за мене кога ќе се повлечам од тенисот. Ќе биде многу емотивно, го знам тоа. Но, онаа што сакам е адреналиот кој го носи спортот да се пренасочи и канализира“, додаде Ѓоковиќ.

Фото: EPA