
Германците удрија по Нагелсман поради Сане: Како Роналдо игра за Португалија?!
Но, иако ја победија селекцијата на Ирска сепак, играта која ја прикажаа германските фудбалери не беше на потребното ниво.
Од германската јавност критики имаше и кон селекторот Нагелсман, посебно затоа што се одлучи да не го повика Лерој Сане. Нагелсман се правдаше дека Сане не добил повик затоа што игра во послаба лига и потребно е повеќе да се докаже за биде повикан.
Ќе потсетиме, Сане се пресели од Баерн во Галатасарај. По таквиот одговор на Негласман, ситуацијата веднаш беше споредена со Крисијано Роналдо кој настапува за Ал Наср.
Во јавноста се огласи поранешниот директор на германската репезентација, Матијас Замер.
„Ме изненади што Нагелсман така зборува за турскиот фудбал. Секогаш сметав дека во репрезентацијата се гледа индивидуалниот квалитет. Ако е така, како Роналдо може да игра за Португалија?“, запрааша Замер.