Модриќ ја доби наградата за играч на мечот, па му ја даде на соиграч!

Лука Модриќ синоќа го постигна својот прв гол во Серија А, погодок со кој му донесе победа на Милан над Болоња од 1-0.

Хрватскиот фудбалер беше прогласен за играч на натпреварот, но наградата му ја дал на фудбалерот кој му асистираше за погодокот, Салемакерс.

„Да го имате Модриќ крај себе е чест. Шампион и голем човек, скромен и неверојатен. Ми ја даде наградата за МВП, но победата е негова“, откри Салемакерс.

Лука Модриќ одлично се вклопи во Милан и веќе стана вистински лидер на теренот.