
Ѓорческа скокна 32 места, за еден месец напредуваше 148 позиции
Како резултат на пласманот во финалето на турнирот во Букурешт, таа од денеска е 207. светска тенисерка и враќањето во топ-200 е се поблиску. Такво нешто ќе се случеше ако вчера ја победеше Лили Тагер во мечот за титулата во романската престолнина, но секако има простор да успее во тоа до крајот на сезоната.
Ѓорческа има огромен напредок на ВТА листата последниот месец, ако се знае дека на средината од август се наоѓаше на 355. место. Нејзин најдобар пласман во кариерата е 170. место на кое беше во 2017 година.